Сонувате за совршен рамен стомак, но мислите дека тоа бара часови поминати во теретана? Имаме добри вести за вас – не е потребно! Со овие едноставни и брзи вежби, можете да го постигнете посакуваниот резултат, без оглед на тоа колку е зафатен вашиот ден.
Се вели дека супер моделот Бела Хадид секое утро издвојува само неколку минути за овие вежби, и резултатите се очигледни. Дали сте подготвени да ја следите нејзината рутина?
5 вежби за рамен стомак
- Подигнување на нозете од лежечка положба
Легнете на грб, испружете ги рацете покрај телото. Свиткајте ги нозете така што бутовите и колената ќе формираат агол од 90 степени. При издишување спуштете ги нозете кон подот, а потоа вратете ги во почетната позиција. - Подигнување на карлицата
Останете легнати на грб. Свиткајте ги нозете малку и подигнете ги заедно со карлицата. Задржете се во таа позиција кратко, а потоа полека спуштете се назад. - „Велосипед“
Потпрете се на лакти и наизменично виткајте ги и исправувајте ги нозете, како да возите велосипед. Темпото нека биде умерено, концентрирајте се на движењата и осетете како мускулите ви работат. - Ножички
Останете потпрени на лакти. Испружените нозе наизменично прекрстувајте ги една преку друга, имитирајќи движење на ножици. - Положба на колена и дланки
Станете на колена и дланки. Подигнете ги колената малку од подот и задржете ја таа позиција, внимавајќи грбот да ви остане рамен.
Како да започнете?
Изведувајте ги сите вежби по 30 секунди. За само 2,5 минути дневно, ќе имате тренинг кој во комбинација со урамнотежена исхрана може да даде видливи резултати за неколку недели.
Пробајте и почувствувајте како вашето тело се менува!
ФОТО: Lawrence Chismorie / Unsplash